CRB CERARESIN Bond 1&2

9,530.00 ден

Наменет за репарирање на оштетени порцелански и композитни  реставрации.

Со  CRB-Ceraresin Bond системот имате опција за сигурна и долготрајна врска, на различни материјали за интра и екстраорална употреба. Тој може да се употребува за  брза и ефикасна репаратура на порцелан со светлополимеризирачки композитен  материјал. Исто така CRB може да се комбинира при репаратура на  акрилат за ладна полимеризација со светлополимеризирачки композитен материјал. Служи и за поврзување на различни композити. Исто така, може акрилатните заби да се дообработат со композитен материјал, со помош на овој бонд.

Се користи како адхезив кога:

  • Порцеланските реставрации се репарираат со композит, C&B композит,акрилат.
  • Порцелански или композитни заби, кои треба да се репарират со композит, C&B композит или акрилат.
  • Денталните реставрации кои се направени од или репарирани со композит,акрилат, C&B композит.
  • Денталните реставрации кои се направени од порцелан, C&B композит,композит за реставрации или акрилатен материјал за репаратура.

Пакување – Сет :

  • CRB I, 16 ml
  • CRB II, 5 ml
  • 25 микроапликатори

Производител: Shofu Dental,Јапонија